Уредникот на порталот „Лидер“, Љупчо Златев откако не успеа да „ја продаде“ во јавност приказната за незаконското работење на компанијата „Групер“ на министерката за финансии Нина Ангеловска мораше да се извини.
Имено откако ја обвинија компанијата дека без да поседува лиценца продава туристички аранжмани, подоцна, мораа да се правдаат за лажната вест, уште една во долгата низа со кои се обидуваат да ги извртат фактите.
„Сепак, се работи за технички пропуст со кој несакајќи и нанесовме штета на оваа компанија која е во сопственост на министерката за финансии Нина Ангелевска.Имено, во регистарот на компании со лиценци за оваа дејност, нигде не стои групер но стои компанијата ВЕБСПОТ ДОО која има Лиценца А, рег. бр. 13-753/2. Оваа компанија е издавач на „Групер“, а не компанијата „Групер“ која исто така постои во централниот регистар, но веќе подолго време не е издавач на оваа веб страница.“, стои во извинувањето од Лидер признавајќи ја грешката на тимот.