На 06.01.2022 во 12.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Тополница, општина Македонски Брод со повреди од огнено оружје се здобил М.М.(41) од с.Тополница. Екипа од Полициската станица Македонски Брод излегла на местото и било констатирано дека околу 12.10 часот во атар на с.Тополница, М.М. со неговата пушка марка „Бајкал ИЖ-18 -ЕМ-М”, што ја поседувал со дозвола, испукал куршум и си нанел повреда на ногата.