Сања Лукаревска, директорката на УЈП, вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека дел од компаниите кои барале државна помош поради пандемијата од коронавирусот, ја злоупотребиле.
Лукаревска објасни и какви мерки се превземени против тие компании.
„Ние прво јавно транспарентно објавивме, каде се правени тие злоупотреби на тие пари, пари кои се на државата. Затоа и во јавноста беше сето тоа скандалозно прифатено. Имавме спроведено контроли, некаде ги спроведовме контроли каде гледавме движење на сметките, исто така ги спроведовме сите дејствија на присилна наплата, ги блокиравме сметките, и онаму каде што имаше простор извршивме наплата.“, појасни Лукаревска.
„Уште некои податоци кои би бараше обвинтиелството ќе ги доставиме, и мислам дека ќе се поеднесат кривични пријави за управителите, особено што има компании кои имаат аплицирани три месеци едно по друго, и ја имаат направено таа злоупотреба“, рече Лукаревска.