Поранешната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, истакна дека префрлањето на државните службеници во даночни било правно оправдано и спроведено во согласност со законите. Лукаревска го објасни процесот како начин да се избегнат потенцијални тужби и кривична одговорност, доколку службениците не биле префрлени во предвидениот рок.

„Доколку не го направевме тоа во законскиот рок, можеше да дојде до тужби, па дури и до кривична одговорност за мене како работодавач“, објасни Лукаревска, додавајќи дека одлуката била потпишана на 12 февруари од тогашниот министер за информатичко општество и јавна администрација.