Сања Лукаревска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2, во денешното гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија со став дека оваа кампања ќе биде едно сосема ново искуство за сите, но дека тоа е дополнителен предизвик и дека коалицијата “Можеме” ќе вложи максимални напори кампањата да биде безбедна.
“Изборите се нeминовни затоа што знаеме во каква политичка криза може да влеземе затоа што сме со техничка влада, а исто така и Собранието не може повторно да се состане и неопходно е што поскоро да заврши изборниот процвес за да се вратиме во едно нормално функционирање.
Бројките се такви какви што се, не само во нашата држава, туку и во целиот регион и пошироко, меѓутоа друг излез во овој период не постои. Сите политички партии се обврзавме исто како и нашата коалиција “Можеме” дека максимално ќе ги почитуваме здравствените протоколи. Малку видоизменето е целото функционирање околу кампањата, немаме веќе големи митинзи, нема да ја почуствуваме онаа еуфорија која е неопходна во еден ваков предизборен процес, нема да одиме директно во контаткт со граѓаните врата до врата, но има одредени постулати според кои мораме да го почитуваме тој ред, а од друга страна да го заштитиме здавјето на граѓаните и да имаме еден мирен изборен процес. 15 јули е датум на кој сите заедно очекувам да овозможиме излез од оваа ситуација со тоа што ќе го имаме победникот, а тоа е коалицијата “Можеме” на чело со СДСМ, а со тоа ќе излеземе поуспешни од целата здравствено-економска криза. Треба да си дадеме рака едни на други за да го заштитиме сопственото здравје, здравјето на граѓаните и да ја извадиме државата на прав пат” – истакна Лукаревска.