„Имаме добро воспоставен систем што ги детектира сите ризик фактори при трансферите и ако било која компанија смета дека може да ги изнесе парите, па да ги внесе и тоа да помине бесшумно, мислам дека се лаже“ кажа директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

„Е-ПДД системот е одличен и преку него може да ги следиме сите приливи од странство. Доколку видиме дека некој прилив не е оданочен може да спроведеме контрола и тоа да биде наплатено“ кажа Лукаревска.

Таа додаде дека во борбата со сивата економија е потребно да се вклучат сите институции, но и граѓаните да помонгат и да алармираат. Лукаревска кажа дека верува оти со сериозна борба против сивата економија од страна на државата, може да ја ставиме во границата од 15-20 проценти, колку што е генерално во пазарните економии.

Директорката на УЈП во интервјуто истакна дека до враќањето на прогресивното оданочување во 2023 година, потребно е институциите да ги завршат длабинските анализи и точно да се таргетира на кого ќе се однесува тоа оданочување и кој би бил целосниот бенефитот од истото.