Преку нов 400 киловолтен далекувод што ќе ги поврзува електропреносните системи на Македонија и Албанија, како и новата трансформаторска станица во близина на Охрид, МЕПСО ќе инвестира и 35 милиони евра. На тој начин во полна функција ќе биде ставен електроенергетскиот коридор исток-запад што значи транзит на струја од Бугарија, преку Македонија и Албанија, па сè до Италија.

„Регионалното поврзување на електро-преносните системи е долгорочен, стратешки интерес за секоја држава. Врските со соседите значат електро-енергетска стабилност, основа за секоја просперитетна економија…“, вели Ева Шуклева, генерална директорка на МЕПСО.