„По 20 годии шепотење и непреземање ништо, надлежните институции го отворија и го расчистуваат случајот на Онкологија токму во време на СДСМ. Лагите на ДПМНЕ не значат ништо, вистината е поразителна за оваа лажна партија, која едно зборува, друго прави“, соопшти СДСМ.

„Граѓаните знаат дека лагите на ДПМНЕ се потврдија и преку собраниската анкетна комисија.

Јавноста виде дека на ДПМНЕ воопшто не ѝ била важна вистината, не ѝ биле важни пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат.

Два месеца ДПМНЕ ја злоупотребува работата на комисијата, а со тоа ги злоупотребуваа пациентите, граѓаните и македонското собрание.

Се викаа сведоци, се трошеа пари на граѓаните, се сееја лаги и на крајот, ДПМНЕ побегна од комисијата, со денови не се свикуваше седница и не се усвои никаков заклучок, работата на комисијата пропадна.

Намерата на ДПМНЕ беше да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја злоупотребува во политички цели. Но и во тоа не успеа.
Сите инволвирани во овој скандалозен случај ќе сносат одговорност и ќе биде расчистен до крај“, се наведува во соопштението на СДСМ.