Македонката Наташа Соврановски, која беше пријавена за исчезната на 2 септември во Германија, е пронајдена мртва, а тамошната полиција истражува дали се работи за убиство. Телото на 25-годишната девојка е пронајдено во понеделникот во шумска област во Бад Тејнах-Завелштајн, во близина на Штутгарт, пренесува „Телма“.

Осомничен за убиството е 45-годишен маж кој, како што наведува полицијата, имал лична врска со Соврановски. Тој е уапсен и се наоѓа во притвор, а официјално се сомничи за убиство од небрежност.

Полицијата ги повика можните сведоци или сите кои имаат информации во врска со исчезнувањето и смртта на Македонката, да ја контактираат.