-Нашите винарии повторно одлични на Prowein Dusseldorf. Ова е најголем вински саем кој се оддржува веќе 10та година со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оваа година нашиот националниот штанд го претставуваат винариите Камник, Стоби, Попов, Милев, Венец, Сопот, Имако, Лазар, Парагон, Езимит, соопшти со гордост министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил.
– Околу 50 награди и признанија доделени на македонските вина на овогодинешната дегустација! Ова е доказ за нашата посветеност и работа. Поддршката како министерство за промоција и афирмација на македонското вино преку вакви саемски излагања ќе продолжи и во иднина, дециден е Николовски.