2020 година е година која ни го сврти вниманието кон размислувања, кон можностите и изнаоѓањето решенија.
Се очекува од секој од нас дека ќе се вратиме посилни, подобри, користејќи го ова време да придонесеме за “застанувањето на нозе” на нациите и општествата, закрепнувајќи од оваа пандемија, порача Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање по повод Интернационалниот ден на биолошка разновидност.

2020 година е година кога, повеќе од кога и да е, светот може да покаже силна волја за глобална рамка што ќе ја „свитка кривата“ на загубата на биолошката разновидност во корист на луѓето и целиот живот на Земјата.

Затоа, заштитата на биодиверзитетот е еден од клучните столбови на Македонскиот Зелен Договор.

Секој мора да се однесува одговорно, а не да дозволува на очиглед да се уништува природата, а притоа да не реагира, порача Макрадули.