На 12.02.2024 во 16.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул.„Браќа Миладинови“ и бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М.(39) од с.Речане, гостиварско, удрило во малолетен пешак од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клинички центар Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.