На 01.02.2023 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(24) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од истото село. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 01.02.2023 во 14.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, патничко возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(51) од с.Никуљане, општина Старо Нагоричане, удрило во пешакот Д.Ѓ.(43) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.