Полициски службеници лишиле од слобода малолетно лице на возраст од шеснаесет години, откако тоа физички ги нападнало.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, малолетникот ги спречувале полицајците во извршување службени дејствија.

– На 24 февруари 2024 година, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка лишиле од слобода 16-годишник затоа што на улицата “Македонска” во Крива Паланка физички нападнал полициски службеници при извршување на службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок – информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.