Денеска, во 1.45 часот, во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосницата од улицата Боро Хаџиески со улицата Кузман Јосифоски-Питу се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Г. М. (33) од с. Радолишта, Струшко, и мопед „априлија“, со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струга.

Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од екипа на ОВР Струга.