Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ во емисијата „Детектор“ на Сител изјави дека за да се намалат рестриктивните мерки, важно е граѓаните да ги почитуваат другите мерки кои значат лична заштита, одржување дистанца секаде, а изборите кога и да се ќе мора да се одржуваат во специјални услови.

Тој посочи и други примери каде што ќе има избори во следниот период. За издвојување е Хрватска која есенските избори ги закажа за почеток на летото во страв од нов бран на корона пандемијата.

„Имаме примери во други држави, како Хрватска, Србија, Франција… каде што изборите се закажани за следниот месец. Ако го слушаме ВМРО ДПМНЕ нема да имаме избори до декември. Ние го спроведуваме полицискиот час, но министерот јавно изјави дека некој го терал да казнува граѓани, ама тој не сакал. Каква изјава е тоа? Ние до денеска немаме никаква санкција, ниту за групирање, ниту за неносење маски. Казните се мали, 20 евра, ама ете, не се изрекуваат“, му забележа Манчевски.