Дамјан Манчевски, технички министер за информатичко општество и администрација и потпретседател на СДСМ, во вечерашното гостување во “Топ тема” на телевизија Телма со став дека предизборната кампања ќе биде сосема ново искуство за сите чинители и ќе се базира главно на медиуми и социјални мрежи, а физичкиот контакт ќе биде сведен на минимум.

“Граѓаните ќе ги повикаме на гласање порачувајќи да се почитуваат здравствените протоколи кои се во врска со организирањето не само на самиот чин на гласање, туку и на водењето кампања. Оваа кампања нема да наликува на ниедна претходно, нема да има големи собири, митинзи, ќе има многу малку физички контакт со гласачите и граѓаните, поголемиот дел од кампањата ќе се одвива преку медиумите и социјалните мрежи, во индиректна комуникација со граѓаните.

За самиот ден на гласање, Комисијата за за заразни болести и здравствените експерти веќе изработија протоколи за организација на денот на гласањето. Во текот на вчерашниот ден Владата донесе и уредба за начинот на организација на самиот ден на гласање каде се предвидени дополнителни часови за гласање со цел да се избегнат гужвите, а два дена порано ќе се организира гласањето на сите оние категории граѓани кои се физички спречени да излезат на гласање, така што се земени предвид сите ограничувања кошто ги прави оваа здравствена криза. Тоа подразбира дека ќе мора да се носат маски, ќе треба да се користат различни пенкала, ќе треба дезинфекција на раце, растојание и организација на редот на самото гласачко место. Ова не е нешто што само ние го правиме, под истите услови и истите протоколи и други земји паралелно со нас организираат избори и ова е новата реалност во која сите животни процеси ќе треба да се одвиваат. Ако е невозможно да се организираат избори, тогаш ние треба да кажеме дека не треба да работат ниту угостителските објекти, не треба да се оди ниту на работните места, но гледаме дека животот полека го враќаме во некои нормални процеси и ова не е ништо различно од она со што се соочуваат и другите земји” – истакна Манчевски.