Според СДСМ, нема равенство на овие објавени снимки на ВМРО-ДПМНЕ и „бомбите“ бидејќи тие биле од прислушувани 26.000 разговори на граѓани, а доставените од Милошоски биле од  состанок сниман за нечиј интерес. Мафијата на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да зададе последен удар врз судството, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, во емисијата „200” на Алсат телевизија.

„Во снимката која ја слушна јавноста извадени вон контекст со некакви реченици кои ги вади се докажува дека беше неопходно да се донесе ЗЈО, дека без тој Закон некој ќе толкуваше дека случаите на СЈО може да паднат и да се укажува дека поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски правел проблем во однос на овие слчаи. Се работи за борба за одбрана да одговара мафијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски и Мицкоски.“ – појасни Маричиќ.