Во Топ Тема на ТВ Телма, првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ ги посочи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од нивната програма крајно нереални и неостварливи. Како што е намалување на број на пратеници од една страна , а од друга зголемување на број на министерства каде што се поставува прашањето за балансот.

„Нас ни е клучно дека веќе ја имаме патеката кон ЕУ и имаме веќе сериозни мерки кои што мора да се направат, и во јавната администрација и во водење на правото. Нам ни треба вистински консензус за тоа. Дајте да видиме кои се тие институции што се ефикасни, кои се јавните претпријатија кои што се ефикасни, кои се тие што не се, на кој начин да ги трансформираме во поуспешни, на кој начин граѓаните да имаат поголем увид во тоа, на кој начин да дојдеме до точка во која што ќе има 45% повеќе плата за оние кои што работат во преговарачкиот процес во ЕУ, добрите кадри во јавната администрација ќе бидат мотивирани, а они кои што не им е место во јавната администрација ќе бараат работа во приватниот сектор. Значи, мора една серија на прашања да ги решиме кое што не се сведува само на да имаме 90 пратеника и 120, на крај краева нашето Собрание не беше блокирано заради бројката на пратеници туку беше блокирано заради политичката стратегија на активна блокада на Собранието од страна на опозицијата,“ истакна Маричиќ.