Отворените листи на локалните избори ќе бидат тест за наредните парламентарни избори, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешниот брифинг со новинарите.

Тој посочи дека се планира до април наредната година, односно шест месеци пред локалните избори, да бидат усвоени измените во Изборниот законик што се однесуваат на отворените листи.

Европската унија, како што рече министерот, инсистирала да не се менуваат правилата на игра непосредно пред одржувањето на локалните избори.

Изборниот законик, додаде Маричиќ, останала незавршена тема на претходното мнозинство бидејќи немало политичка волја за една изборна единица.

Министерот за правда вчера на прес-конференција истакна дека ќе работи на измените Изборниот законик со кој ќе се воведе принципот на отворени кандидатски листи уште при првите наредни локални избори наредната година.

-Директниот избор ќе значи поголема врска на избраните претставници со нивните сограѓани, рече министерот Маричиќ.