„Ги гледав бројките за Еразмус, 10 илјади само во 2022 година отишле некаде со новата програма. Претходно 30 илјади за цел период, а сега 10 илајди само во 2022 година“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на инфо сесијата „ЕУ за младите“.

Тој додаде дека стандардната позиција на денешните млади е подобра отколку за неговата генерација, бидејќи не се потребни визи и полесно може да се патува на размени и на стручно доусовршување.

„Тоа што следува на вашата генерација и за што треба да се бори се повеќе можности и поголеми успеси од тоа што ние сме постигнале“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека младите денес се борат со светот и не се ништо помалку вредни од други млади луѓе во Европа, а токму програмата Еразмус тоа го покажува.