Зоран Заев остави длабоки и неизбришливи траги во македонското општество. Неговата долгорочна визија за тоа каде треба да е земјата и начинот како да се стигне до таму беше директна причини за нормализацијата на општеството и рушењето на режимот.
Денес сме членки на НАТО и сме на пат да ги почнеме преговорите со Европската Унија. Денес никој не се плаши јавно да зборува за проблемите. Денес заедно го градиме нашето едно општество за сите. Со него како прв човек на Владата, македонскиот идентитет конечно е признаен и верификуван од целиот свет.
Јас ја имав честа, задоволството и одговорноста да соработувам со него речиси 7 години во различни улоги и контексти. Харизмата, енергијата, визионерството и успесите што тој ги има се единствени.
Претседателе Заев ви благодарам на довербата која ми ја дававте сите овие години и можноста да работам за доброто на нашите граѓани и нашата земја

ФБ статус на Бојан Маричиќ, министер за правда