Во последниве 24 часа настана забуна околу листите за помилување што Министерството за правда ги испраќа до претседателот Стево Пендаровски.

-Министерот за правда не дава никакви помилувања. Ова се специфични помилувања по повод Нова година и листите за делумно скратување на казната ја прават директорите на затворот и се проследува на разгледување. Мислам дека дел од спорните имиња нема ни да се најдат на листите. ЗЗначи, предлог листите се од затворите а не од Министерството за правда. Тие листи поминуваат низ четири филтри, вели министерот за правда Бојан Маричиќ за Утрински брфинг.

На листата има некои спорни имиња кои се врзани за голем криминал, а реакцијата на заменикот Нухиу беше силна.

-Оваа постапка не е јавна и не се објавува во јавност. Неблагодарно е да се објавуваат имиња во рана фаза затоа што станува збор за луѓе што се осудени и имаат свои надежи. Ние ќе се погрижиме да не се најде ниедно спорно име на списоците, вели Маричиќ.