На 21.01.2024 во 04.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Отошница, општина Ранковце, настанал пожар во куќа, сопственост на Т.М.(65) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а во куќата бил пронајден починат сопственикот. Увид на местото извршила екипа од ОВР Крива Паланка и се работи на расчистување на случајот.