На 27.09.2021 во 16.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Крстец, прилепско, до дрво во дворно место од семејната куќа бил пронајден починат К.Т.(70) од Прилеп.

Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, а кај него биле забележани повреди, најверојатно при пад од дрво. Тој во текот на денот бил виден како бере јаболка од дрвото.

Увид на место извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.