На 30.11.2021 во 21.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, бил лишен од слобода Д.Л.(30) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „рено“, со турски национални ознаки.
При извршена проверка тој на увид доставил меѓународнa зеленa картa за осигурување издадена од Р.Турција, за која постои сомнение дека е фалсификувана. Д.Л. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.