На 23.04.2021 во 08.40 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, полициски службеници го лишиле од слобода С.Д.(30) од с.Гајранци, пробиштипско, по распишана централна потрага од Секторот за меѓународна полициска соработка – Оддел потраги, поради сомнение дека е сторител на кривично дело по член 238 од Кривичниот законик – „разбојничка кражба“.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Пробиштип за понатамошна постапка.