Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва на прес-конференцијата рече дека медицинска сестра на одделот за онкологија при Клиниката за детски болести е заболена со коронавирус.

Тој вели дека постои сомнеж дека вирусот е донесен однадвор.

По случајот, министерот најави дека се подготвува големо тестирање на Детската клиника.

Медицинската сестра е втор случај на оваа клиника откако позитивен на КОВИД-19 се покажа и еден лаборант.