Социјалната правда е основниот принцип за просперитет во една држава. Денес, по повод Меѓународниот ден на социјалната правда, повторувам дека СДСМ континуирано и посветено работи на отстранување на сите бариери со кои се соочуваат луѓето поради пол, возраст, социјалната положба, етничката припадност или попреченост, рече денеска на прес-конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Градиме општество без поделби, еднакво општество на еднакви граѓани со еднакви можности и затоа решително рековме НЕ на сите форми на дискриминација и го донесовме законот за спречување и заштита од дискриминација.

Ние градиме вистински хумано општество, посветено ја реализираме социјалната реформа со која се фокусиравме на извлекуваме од сиромаштија за да им овозможиме достоинствен живот на сите граѓани.

Со зголемување на социјалната помош за 300 проценти, над прагот на сиромаштија извлекуваме повеќе од 120 илјади наши сограѓани кои се соочуваат со социјален ризик.

Но, не застануваме тука. За социјално ранливите лица обезбедуваме обуки и преквалификации за да можат активно да се вклучат на пазарот на труд.

Особено внимание посветувме на искоренување на детската сиромаштија за да им обезбедиме еднакви шанси на сите деца. Сега детски додаток добиваат над 27.000 деца, образовен додаток користат 8.500 ученици.

За две години изградивме и реновиравме повеќе од 70 градинки и детски центри во целата земја, во градовите, но и во руралните средини за да обезбедиме правилен детски развој и заштита на децата.

Приоритет ни е и грижата за повозрасните лица, нашите родители, баби и дедовци. Со историското покачување на пензиите од над 700 денари настојуваме да им обезбедиме поспокојни пензионерски денови на лицата што ја градеа државата.

За повозрасните кои не оствариле право на пензија и немаат друг извор за егзистенција обезбедена е социјална пензија која веќе ја примаат  над 4.000 корисници.

Кај нас со сиромаштија се соочуваа и вработените лица со минимални примања. Токму затоа ја покачивме минималната плата за 60% од срамните 9 на 14.500 денари. И нема да застанеме тука, во името на социјалната правда и повисок стандард, минималната плата до декември 2020 ќе биде 16.000 денари а до крајот на 2023година ќе ја зголемиме на 18.000 денари.

Исто така, го решивме и долгогодишниот горлив проблем со стечајицте. 12.000 луѓе кои, не по своја вина поради стечај на фирмите, останаа без работа, сега добиваат 8.000 денари месечно до пензионирање.

Донесовме закон за отпис на камати, ги намаливме трошоците за нотари, извршители и адвокати, се со цел граѓаните да имаат повеќе средства на располагање во семејните буџети.

Спроведуваме низа мерки и олеснувања за инклузија на лицата со попреченост, обезбедуваме финансиска помош и поддршка за самовработување, за земјоделците, за жените, самохраните родители, жртвите на семејно и родово насилство.

Ова се само дел од мерките што го подобруваат животниот стандард на граѓаните од ранливите категории.

Според Уставот ние сме дефинирани какосоцијална држава, но бевме сведоци дека 11 години се  креираа политики кои ја зголемуваа нееднаквоста, го продлабочуваа јазот меѓу богатите и сиромашните, ја избришаа средната класа.

Затоа уште еднаш ќе нагласам дека СДСМ продолжува со реализација на мерките со кои нашата држава станува поправедна, поеднаква, со помалку сиромашни граѓани.

СДСМ го поддржува концептот на фер и еднаков сооднос меѓу граѓаните и општеството. На прав пат сме, велиме ЗА социјална правда во нашата држава и продолжуваме да инвестираме во човечкиот капитал.