Меѓународниот балкански универзитет официјално ги отвори двете нови единици, Факултетот за дентална медицина со програма за академски студии за дентална медицина и Високата медицинска школасо програми за стручни студии за медицинска сестра и акушерка. Наставната програма на овие две нови единици се спроведува од искусни предавачи и еминентни имиња во медицината во земјата и од странство.

„Отворањето на овие две нови единици претставува нова ера за Меѓународниот балкански универзитет, но и за висоокобразовниот систем во нашата држава. Ова е значаен чекор во едуцирање нов квалитетен кадар и во вложување во квалитетни здравствени услуги, а со тоа и придонесот на МБУ кон здравствениот сектор во земјата. Со ова уште потврдуваме дека сме на страна на нашите студенти, овозможувајќи им квалитетно стручно образование во областа на денталната медицина, медицинските сестри, акушерство и обезбедувајќи им перспективна кариера. Нашите студенти имаатможност да го стекнат своето знаење во средина која нуди квалитетен професорски кадар, врвна технологија и современ пристап кон изучување на една од најстарите а и најблагородни науки“, истакна Ајдован Адемоски, Претседател на Управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет.

На официјалното отворање на новите единици на универзитетот беа присутни претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, проф. д-р Мустафа Шентоп и Министерот за здравство, д-р Венко Филипче.

Со цел обезбедување сеопфатна квалитетна едукација на новиот кадар,Меѓународниот балкански универзитетсоработува со Аџибадем Универзитетот во Истанбул-Турција и со Болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје, а во делот на спроведување практична настава на студентите на овие две единициразви соработкасо јавните здравствени установи, ГОБ „8-ми Септември“, Универзитетскиот стоматолошки клинички цетар „Св. Пантелејмон“ и„Здравствен Дом“ Скопје.

Факултетот за дентална медицина и Високата медицинска школа со почетокот на академската 2021/2022 година ги примија и првите генерации студенти, во нов објект во рамките на универзитетскиот кампус, опремен со најсовремени лаборатории и кабинети, со професионален академски кадар кој на идните генерации ќе им понуди светски стандард на образование во медицинските и здравствени науки во Скопје.