Аналитичарот Ким Мехмети, во денешното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија со став дека актуелизирањето на иницијативата на ДУИ за премиер Албанец е чист маркетинг со оглед на фактот дека ДУИ веројатно се свесни за неповолните резултати од анкетите и тоа е единствен начин да го повикаат албанското гласачко тело да се обедини кон една повисока идеја. Мехмети додава дека ДУИ веројатно се свесни за својот низок рејтинг и дека низ годините кога постојано биле дел од власта, ако навистина сакале можеле на друг начин да пристапат кон реализирање на таквата цел. Мехмети смета дека ДУИ со повик за обединување на сите албански субјекти сака да го покрие својот лош рејтинг за кој се свесни во партијата и дека ДУИ за време на своето владеење во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ако сакале можеле да спречат многу работи, меѓу кои и проектот Скопје 2014.
“ВМРО-ДПМНЕ го покри Скопје со споменици, единствено ДУИ можеше да ги стопира тие проекти. Само требаше да се заканат дека ќе излезат од Владата. Меѓутоа, на нив не им беше важно тоа, на нив им беше важна само добивката” – изјави Мехмети.