Риби како Вмро и Дуи најдобро пливаат во матни води.

Девет години беа во влада со ВМРО.
Девет години по ред Никола Груевски им ги бираше кадрите.
Девет години по ред ја аминуваа секоја одлука на Никола.
Девет години по ред ниту еднаш не го кренаа гласот за отворената дискриминација која Грујо им ја правеше на албанците, се разбира со нивен амин.
Девет години не собраа храброст да им кажат на албанците дека Грујо е националист.
Девет години по ред заедно со браќата од ВМРО креираа и режираа меѓуетнички конфликти.
Девет години по ред Сашо Мијалков ги цедеше како лимон а тие ќутеа.
Ќутеа и тогаш кога Гордана ги правеше албанците терористи а нивниот заменик министер седеше на прес до неа.

Ќутеа и тогаш кога сите слушнавме дека за случајот Сопот лежат невини албанци во затвор.
Ќутеа и за Диво Насеље.

Не ја напуштаа власта кога албанците го бараа тоа од нив.
Никогаш не престанаа да бидат во топли односи со ВМРО, тоа најдобро го осети Трајко Вељановски.

Во овие три години владеење беа буквално против секое вработубање на албанец од страна на СДСМ.
Во овие три години целата нивна енергија беше насочена како да ги спасат браќата од ВМРО и како да му наштети на СДСМ за да им ги земат албанските гласови.

И кога веќе сакаат да зборуваат само за албанците тогаш треба да знаат дека за овие три години Зоран Заев направи многу повеќе за албанците отколку тие за осумнаесет години владеење.

Денес благодарение на овој граѓански концепт кој го форсира Заев, албанците не се клиентелисти како што тие ги правевеа туку се горди граѓани на оваа земја.

Затоа нека не поштедат од овие патетични обиди за дискредитирање на Зоран Заев кај албанците оти ние знаеме и кои сте и какви сте и дека ова е уште еден од низата на оние “братски” договори со ВМРО со надеж да продолжи гласањето по етнички кампуси, да живееме во општество на “ние” и “тие” и етничките тензии да останат како ас во ракав секогаш кога се загрозени нивните удобни места на моќ и влијание.

Време е, крајно време ви е да паузирате од власт и со тоа конечно да напраите нешто добро и за албанците и за Македонија.

ФБ статус на Замир А. Мемети