На денешната седница во собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изјави дека бидејќи во јавноста се створила дилема дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против ставањето на точката предлог закон за изменување, а законот со отпад и дека има некои задкулисни договори помеѓу пратеничките груп, дека ќе гласа за законот за управување со отпад.
– За информација за јавноста затоа што се повеќе се шират шпекулации пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ, е спремна оваа точка да ја разгледува на денешната седница морам да кажам и ќе гласаме за, со поддршка за овој закон за неможност за увезување на отпад за користење како деривати- нагласи Мицевски.
Мицевски исто така истакна и дека денешната точка која што е на дневен ред а тоа е за состојбата со амбиенталниот воздух е точка која што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја барало вече подолг временски период и според него од разно разни причини а пред се од стравот на владата да се разговара на таа тема била одлагана се до денес.
-Ќе бараме на следната седница точката број 19 од 130 седница односно законот за управување со отпад по скратена постапка да биде прва точка на дневен ред и апелирам до сите пратеници да се информираат добро за да можеме веќе овој проблем кој што надвиснува над Македонија, а тоа е веќе алармантно во сите градови во Македонија да го решиме- додаде Мицевски.
Мицевски во понатамошната дискусија истакна и дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од ДОМ бараат таа точка биде ставена прва на првата наредна седница, и да завршат шпекулациите и да можат да глаасат за тој закон.