Претдедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска излезе со ветување дека ќе асфалтира 1000 километри регионални државни патишта и дека за еден мандат ќе ги асфалтира сите правци во државата.
Меѓу ветувањата на Мицкоски беше споменат и автопатот Скопје-Блаце, кој за 12 години владеење, неговата партија го одолговлекуваше и не успеа ниту да го започне.
„Воедно, ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево – Охрид и автопатот Скопје – Блаце. Се обврзуваме за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионални патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта”, изјави Мицкоски.
Инаку патот Скопје-Блаце по децениско ветување, почна да се работи оваа година.
Извор: Фронтлајн