Денес кампањата ја започнуваме од Охрид, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Заедно со Игор Дурловски разговаравме со охриѓани. Се гледа нивната разочараност од неправдите кои ги имаме од оваа власт.
На овие избори граѓаните имаат два избора, Македонија или актуелната власт.
Од Охрид им порачуваме дека силно ќе победиме, нема да дозволиме ништо да нѐ поколеба. Нема простор за разочарување, туку за борба.
Македонија е со наведната глава и свиткана кичма. А, тоа е така затоа што се што ветија, ништо не исполнија.
Време е за почит и развој. Време е за обнова и повеќе за секого. За насмеани лица и Македонија исправена и горда“, истакна Мицкоски.