Денес продолжуваме со работа и посета на Кавадарци каде остварив средба со Регионалната стопанска комора на Кавадарци. Ова беше и добра прилика да го промовираме пакетот на мерки и проекти кој го нудиме за бизнис заедницата.
Можам да кажам дека сите мерки за кои разговаравме наидоа на одобрување од страна на стопанствениците, особено нашата заложба за трајно воведување на рамниот данок и негово дополнително намалување, од 10% на 9%, за да во првите 2 години стигнеме до 8% со што Македонија ќе стане земја со убедливо најниски даноци во светски рамки.
Во поддршка на бизнисот е и нашето обврзување дека капиталните државни инвестиции ќе бидат најмалку над 90% реализација секоја година, како и тоа дека БДП мора да расте најмалку 4% годишно за да почуствуваме реален раст. Се разбира посебно внимание ќе посветиме на стимулирањето на домашни и странски инвестиции кои во еден мандат ќе изнесуваат 4 милијарди евра и тука мислам најголем дел на грин филд инвестиции.
Се на се, ова и другите мерки кои ги планираме се одличен пакет за заживување на економијата. Ова се мерки со кои има повеќе за секого, во бизнисот, за граѓаните. Обнова која ќе донесе повеќе пари, повеќе сигурност, повеќе среќа и подобра иднина, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.