Извори од лидерската брифираат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски на средбата започнал со обид да ја одолговлекува расправата и да отвора теми кои не биле на дневниот ред, пишува Фронтлајн.
Очигледно било дека Мицкоски не бил спремен за реална дискусија туку за избегнување. Претседателот на СДСМ настапил отворено со ставовите кои и јавно ги соопшти.
Интерес на граѓаните и нивното здравје е изборите да се случат во време кога е најбезбедно на граѓаните, пред летото. Тоа е одговорно и од аспект на здравјето но и демократијата, почитувањето на Уставот, и од аспект на полесно справување со економаките последици.
На граѓаните потребни им се функционални Влада и Собрание. Не смее да се дозволи да се загрозува здравјето на граѓаните, ниту Уставот на државата.