-Немате став до ден – денес, а треба да кажете во јавноста, му рече претстедателот на СДСМ, Зоран Заев на својот политички опонент, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ако го поништувате договорот од Преспа треба да кажете, ако не го поништувате исто треба да кажете. Но мора конечно да кажете отворено пред граѓаните што планирате со договорот, што планирате со ЕУ за граѓаните, со НАТО. Одговорете, кажете им на граѓаните кој е вашиот став“, му се обрати Заев на Мицкоски.

Сепак, Мицковски повторно го избегна прашањето од Заев и не кажа што планираат со Договорот од Преспа, затоа што, како рече, тоа повеќе пати го кажал, а водителот на дуелтот констатираше дека ако не чувствува потреба не мора да одговора.