Голем дел од реформите во судството се завршени го испорача тоа што го во однос на законите и легислативата, а рак рана е практичната примена, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва во ТВ дуелот со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Заев истакна дека мора да следи процес на прочистување во правосудството каде сите судии каде што застаруваат предмети автоматски ќе бидат разрешени и ќе биде направена комплетна проверка на имотната состојба на судиите обвинителите и нивните семејства за да се потврди, како што рече, чесноста на самите делители на правдата и секако контрола на предметите некаде околу пет отсто во следните пет години по случаен примерок.

Заев посочи дека со прочистувањето на нечесните судии кои работат во правосудството ќе се добие простор повеќе за чесните судии.

-Тоа е мноу важно затоа што без правна државата не верувам во максимални успеси во економијата, па дури и во сите други области на секојдневното живеење. Затоа владеењето на правото и правната држава верувам дека ќе биде еден од најголемите фокуси во следните четири години на решени прашања со соседите, интеграциските процеси до работењето дома на економијата, на правото и правната држава на реформите во образованието, здравствена заштита и сите други институции коишто се многу важни за граѓаните. Верувам дека ќе успееме да создадеме европска држава, рече Заев.

Мицкоски, пак, обвини за влијание на политичарите и во обвинителството и во судството. – Денеска имате луѓе кои за обична парнична постапка кога ќе појдат во суд се чувствуваат обесправени и понижени од самата институција и морате претходно да седнете да се договрата да видите дали имате некој близок. Тоа не е проблем на менталитет, тоа е проблемна искуство а тоа се гради врз основа на тоа што се сучувало во минатото, рече Мицкоски.

Според него, власта не успала да ги реализира ветувањата за реформи во правосудството во изминатите три години, а како пример, меѓу останатото го наведе изборот во Академијата на судии и обвинители.

-Со ваков пристап на делители на правда не можеме да очекуваме дека нешто драматично ќе се направи, рече Мицкоски.

Реплицирајќи Заев рече дека никој од политичарите не ги бираат претседателите на судските сопвети, на судовите, на академиите за судии. Тоа е, потенцира, разликата помеѓи нашата перцепција за правосдуството и нашиот опонент.