МАКЕДОНИЈАМицкоски: Направивме увид во градежните активности во 3 клучни проекти – спортска сала, училиште и авантуристички паркОбјавено пред 23 минути – 18 април, 2024Од М. Т. / Макфакс

Градежните активности и реализацијата на проектите во општина Охрид продолжуваат со несмалена динамика, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber
„Градоначалникот Пецаков заедно со тимот, администрацијата, советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот Пецаков по оној историски момент кога ја одблокира општина од децениски долгови и неколку јавни претпријатија продолжува со несмалена динамика да ги реализира ветувањата кон граѓаните, ги подобрува условите во општина Охрид и ја збогатува туристичката понуда нешто што му е важно на Охрид. Она кое е денес предмет на нашата посета е увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сака, училиште и авантуристички парк.Јас само можам да посакам на овој прв ден од кампањата за парламентарните избори да посакам уште многу вакви проекти“, порача Мицкоски и додаде:

„Знам дека амбицијата на градоначалникот Пецаков е огромна, знам дека неговата желба да направи проект повеќе за охриѓани е огромна и таа желба ќе биде уште поинтензивна откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада и ќе се реализираат уште поголем број проекти, дури и проекти кои се за доброто на охриѓани, а истовремено можеби не биле дел од ветувањата во кампањата за локалните избори во 2021. Уште еднаш му честитам на Кире, честитам на администрацијата на советниците кои ја поддржуваат работата на досегашните пратеници во македонскиот парламент, но и идните пратеници во македонскиот парламент кои несебично до сега, а и во иднина ќе ја поддржуваат развојот на Охрид и ќе соработуваме со градоначалникот Пецаков и администрацијата овде“.