Мандатарот Христијан Мицковски на прашање на интервју во вестите на тв Сител отворено без заобиколување кажа дека на заклетвата кога ќе стане премиер во Собранието ќе го користи уставното име (Република Северна Македонија) и со тоа ќе го затворел ова прашање кое е многу актуелно.
Мицковски со ова нема да го следи ставот на председателката Гордана Силјановска Давкова која на заклетвата изговори само Македонија а по жестоките реакции на меѓународната заедница пред се од соседна Грција во неколку наврати во странство државата ја нарекува мојата земја, нашата држава и слично но никако не го употребува уставното име Република Северна Македонија упорно бранејки се дека е тоа нејзино прави и не го крши уставот.