Мицкоски најави дека по 17 октомври власта ја чека голем пораз, нова влада и одговорност за стореното во изминатите четири години.

„Кога би можел сега да имам некоја временска машина и да го вратам оној наш последен дуел и на прашањето што би му порачале на Зоран Заев би му кажал извади го тефтерот, извади го календарот и прочитај колку години си власт. Заборава дека тој и неговите мали зоранчиња четири години не пустошат, а она што најмногу умеат да го прават тоа е да крадат и да лажат“, рече Мицкоски.

Тој повтори дека Македонија е најкриминалната држава со најкорумпирани политичари, дека народот никогаш не живеел полошо, порди што, како што рече, овие избори се шанса за промена.

Антонио Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ на митингот во Зрновци го промовираше Борчо Коцев како кандидат за градоначалник.

„Победата во прв круг ќе биде голем елан и за останатите општини. Нашиот иден градоначалник Борчо Коцев има одлична стартна основа за работата понатаму, а во многу скоро време премиер ќе биде Христијан Мицкоски“, кажа Милошоски.

Според него овие избори имаат локално, но и политичко значење за цела Македонија.

Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот минитинг најави промени за успешно справување со проблемите.