Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ни самиот не си верува дека ќе успее да донесе победа на претстојните избори на 12. април. Можеби и затоа уште од сега вели дека изборите нема да бидат фер. Од каде му е таа теза, што ако победат?!

Мицкоски во денешната изјава за медиумите рече дека најважно е да имаме фер и демократски избри на 12. април, но како што кажа досегашните индиции покажуваат дека претстојните избори нема да бидат фер и демократски.

Токму по оваа изјава на опозицискиот лидер дел од јавноста реагираше дека Мицкоски знае како стојат работите и дека тешко му оди да се излаже самиот себе си, а уште потешко јавноста дека тој ќе биде идниот премиер на земјава, па затоа уште од сега, кога уште не е почната официјалната изборна кампања, вели дека изборите нема да бидат фер.

Знае дека ќе изгуби па затоа пред време го подготвува теренот за обвинувања дека изборите нема да се фер, велат граѓаните, други прашуваат да не е прерано за вакви негови претпоставки, а трети сатирично констатираат дека можеби е видовит!