На денешната прес конференција лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека не може да се сложи дека билбордите на кој осамна ликот на Зоран Заев и кој вчера беа пребојувани, се црна кампања, туку кажа дека тоа е констатирање на реалноста.
– Јас навистина не можам да се сложам со вас дека е тоа оцрнување, тоа е само констатирање на реалноста. Како што ја констатираме и таа реалност, каде што лидерот на партијата која што е практично наш политички опонент, во својство на градоначалник на општина, самиот кажува тоа што го кажува таму на билбордот. Јас не знам, ако вистината го боли тогаш еве нека се разбере тоа како оцрнување, рече Мицкоски.
Според Мицкоски, освен што билбордите се бојадисувале, вечерта биле и палени.
Полицијата фати лица кои ги палат овие билборди, рече Мицкоски, упатувајќи порака дека по 12 април ќе има одговорност.
– Да им порачам да бидат достоинствени, да ја прифатат критиката, да не уништуваат приватен имот, кривична одговорност има, нека не слушаат слепо наредби од луѓе кои што ќе треба да се соочат со одговорност после 12 април, рече Мицкоски.
На прашањето за ставот на ДУИ за постизборна коалиција победник со победник кажа веќе дека го соопштил ставот и дека нема што да додаде на тоа прашање.