Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото интервју за „360 степени“ на МТВ рече дека доколку тој и неговата партија дојдат на власт се подготвени да го ризикуваат евроинтегративниот процес на земјата и тој никогаш да се оствари.

Запрашан за противењето на неговата партија за гласање на уставните измени и како тоа може да значи нови 10 години блокада Мицкоски одговори дека тоа може да биде и повеќе.

„Може да бидат и сто години и никогаш да не се случи“ рече Мицкоски.

Ваквиот став на лидерот на опозицијата само укажува дека тој и ВМРО-ДПМНЕ свесно ги блокираат европските интеграции на земјава, за свои лични политички цели.