Се огласи лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денешните аудио бомби.

„Ова е потег на очај и деликатна емотивна состојба на Зоран Заев каде јасно се гледа и има директни сведоштва дека е поплавен со криминал, корупција и рекет. Ова е и можност јавноста да види дека нема ништо инкриминирачки во тие објавени снимки. Убеден сум дека ако имаше барем една темна дамка во моето минато, денес ќе бев на друго место и немаше ова да го пишувам. Ова ми кажува само едно дека Заев е исплашен од пораз. А го чека страшен пораз.
И да не си ги толкуваме изјавите така како што на страните им одговараат.
Јавно на прес конференција на 16 август, 2019 година на прашање дали сум се сретнал со Зоран Милевски не негирав дека сум се сретнал, напротив, велам дека сум се среќавал со многу слободни граѓани. Но, од тогаш до самото интервју кое се објавува на ,, А1 он” кое е во откомври 2019та година, кажувам дека сум немал средба што е и вистината.
Ќе ве потсетам на прес конференцијата во август одговорив – цитирам „Сум се гледал со сите слободни граѓани, но суштината е дека власта сака да покаже дека тој Зоки му дал пари на Мицко. Сакаат да ме вмешаат во таа рашомонијада. Еве, дајте доказ дека сум инкриминиран, не треба Рускоска и Реџепагиќ да ме спроведат, сам ќе се пријавам во истражниот затвор Шутка“. Па јас и денес стојам на овој став.“ – напиша Мицкоски.