Денеска се празнува спасението, кога Бог му подари на човека неискажливо ослободување од секаква тага и несреќа. Народот не залудно го нарекува Велигден, денот кога животот ја победува смртта, напиша Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во својата честитка по повод кароличкиот Велигден.
Честитката ја пренесуваме во целост:
Посакувам овој ден и овој празник за католичките верници, да им донесе мир и благосостојба во своите семејства. Да се радуваат, затоа што доброто секогаш триумфира, а правдата ја победува неправдата. Во вакви времиња на предизвици, искушенија и несигурност им посакувам на верниците спокој и внатрешна радост, да се помолат за сите души и страдалници коишто бараат помош од Бога. Како што Бог ја победи смртта, така нека ни даде храброст да ги победиме сите тешкотии и да ја почуствуваме убавината на животот. Бог нека не води да ги победиме сите премрежија и оваа зараза која демне човештвото. Заедно обединети и истрајни ќе победиме.
Посакувам здравје за болните, воедно во моите мисли се и докторите, здравствените работници, и сите оние кои се во првата линија против заразната пандемија. Но исто така не можам, а да не ги споменам и оние кои за жал ги чуствуваат директно економските последици од кризата и останаа без работа. Посакувам побрзо застанување на нозе и економска стабилизација и сигурност.
Сите што го празнуват Велигден да го почувствувате и да го живеете воскресението на животот во своите домови и овој голем, Велигден да го празнуваме довека сложни, здрави и среќни.
Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години!