Премиерот Христијан Мицкоски смета дека неговиот унгарски колега Виктор Орбан треба да добие орден и да го прогласиме за херој за тоа што ѝ помага на државата.
-Ова е исто како сега вие да земете од две шишиња во чашава, да ставате вода и да речете до половина е од левото шише,од половина нагоре е од десното шише – тоа е невозможно да се каже. Заемот е Влада со Влада. Не знам од каде Унгарија ги обезбедиле парите. Мене ме интересира нашиот договор и тоа ќе биде дел од закон кој што треба да помине на владина седница, па после тоа во Парламент. Наместо да речеме алал да му е, ние велиме од каде му се парите…, рече Мицкоски во емисијата „Топ тема“ за специјалната економска соработка со унгарската влада.
Според премиерот, европските амбасадори не треба да се лутат за пријателството со Орбан бидејќи тоа е внатрешна работа.
-Зошто европските амбасадори да ми се лутат за моето пријателство со премиер на земја-членка на ЕУ и НАТО. Зошто би имале забелешки, праша Мицкоски.