Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изгуби контрола што зборува на митинзите низ државата и ги обвини преставниците на власта дека ѕидаат палати и возат скапи автомобили.

-Додека тие ѕидаат палати и возат мајбах мерцедеси, ролс ројсеви, народот гладува со по 150 денари на ден. Прашање е како да го поминат од први до први месецот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Гостивар.

Сите анкети досега докажуваат дека граѓаните не ги сакаат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, па очигледно нарвозата во опозициската партија расте.

И на последната анкета нарачана од „Макфакс“ во агенцијата Стратум Р&Д, покажа дека 24,9% од граѓаните би гласале за листите на СДСМ на локалните избори, а 22,8% за листите на ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката за Заев и политиките на Владата преводена од СДСМ расте од ден на ден и извесна е нивната победа на престојните локални избори.

Анкетите на релевантните Брима, ИРИ и ИФЕС потврдуваат дека граѓаните, не само што имаат најголема доверба во Заев и СДСМ, туку поддршката на политиките на Владата на Заев расте со секоја нова анкета. Тоа се гледа и од анкетата на НДИ.