Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот предизбрен митинг во општина Демир Хисар истакна дека ова не се обични локални избори, затоа што сега не само што бираме градоначалник и советници, во суштина ова се избори кои ќе определат во каква насока ќе се движи Македонија.

Дали ќе се избере насоката на обнова, проекти, визија, стратегија, просперитет и иднина или пак ќе останеме заглавени во денешното мачно и тешко секојдневие, полно со порази неправди, криминал и корупција, односно изборот е помеѓу иднина или минато – изјави Мицкоски.

Тој посочи дека ако ги погледате настаните на СДСМ предводено од Зоран Заев и оние мали зоранчиња кандидати за градоначалници од СДСМ ќе видите дека тие имаат реторика со која длабоко се заглавени во минатото, заглавени во 2015 кога беа опозиција.